Бразилскиот стратег на клупата на ЈАР , Пареира смета дека ремито 1-1 против Мексико беше фер резултат, и дека неговата екипа во наредните два меча ќе влезе со уште поголема самодоворба која ќе им помогне да изборат пласман во нок аут фазата.

Јар – Мексико 1-1

– Сеуште сме во борба, Групата е многу тешка. тимот, кој ќе освои четири поени на своето конто ќе се пласира во втората фаза. Што и да се случи против Уругвај за нас решавачки ќе биде натпреварот против Франција – изјави светскиот шампион со Бразил од 1994.

Тренерот на Мексико, Хавиер Агире смета дека ќе мора да ја победат Франција за да останат во живот за место во елиминациите. Стратегот жалеше што не успеаа да ја искористат подобрата игра во првиот дел кога домаќините одиграа во грч.

– Во текот на првото полувреме бевме многу подобри но ни недостигаше ефективност. Во вториот дел работите беа посложени. Се радувам што израмнивме во момент во кој противникот можеше да го зголеми водството и да си ја загарантира победата – истакна Агире.

Видео СП : “Пријателско“ реми на стартот

Ohridnews