Репрезентативецот на Италија, Џампаоло Пацини од кампот на „аѕурите“ побарал од организаторите на Светското фудбалско првенство да ги втишаат популарнтие вувузели.

Звукот на слоновски крик кој е заштитен знак на Мундијалот во ЈАР, многумина ги иритира, додека Пацини пак таквиот звук го излудува.

– Ме загрижуваат вувузелите.  Страв ме фаќа што ќе биде кога на натпревар ќе има над 30.000 навивачи кои ќе користат вувузела. Соиграчите ми кажаа дека за време на Купот на конфедерации минатата година бучавоста била пеколна.. Се плашам дека тешко ќе го чуеме звукот на судискиот свиреж, како и соиграчите што е мошне важно за време на мечот– истакна Пацини.

Пацини исто така имаше забелешки и на топката Јабулани, која како што рече има неправилно движење и ќе биде голем проблем за голманите.

Ohridnews