Селекцијата на Хрватска обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство во Русија, откако во четвртфиналето после изведувањето на пеналите ја совлада репрезентацијата домаќин (4-3), откако регуларниот дел и продолженијата не дадоа победник завршувајќи 2-2. „Коцкастите“ во полуфинале ќе се сретнат со Англија.

Регуларните 90-ет минути завршија без победник 1-1. Русија поведе во 31-та минута со погодокот на Черишев, додека хрватите изедначија во 39-та минута преку Крамариќ. Во дополнителните 30 минути Хрватска стекна водство со голот на Вида, а изедначи Фернандес и победникот се одлучуваше после изведувањето на ударите од белата точка.

Во пенал рулетот хрватите погодија во првата (Брозовиќ), третата (Модриќ), четвртата (Вида) и петтата серија (Раќитиќ), додека русите промашија во првата (Смолов) и третата (Фернандес), а погодија во втората (Џагоев), четвртата (Игнашевиќ) и петтата (Кузјаев).

Хрватска во 1/2 финалето силите ќе ги одмери со Англија која претходно ја елиминираше Шведска победувајќи ја 2-0. Во преостанатото полуфинале ќе се сретнат Франција – Белгија.

OhridNews