Мечот помеѓу европскиот првак Шпанија и тимот предводен од најскапиот фудбалер на денешницата Португалија ќе го даде последниот патник во четвртфиналето. Шпанија до елиминациската фаза стигна со две победи и едно реми и кај букмејкерите го загуби епитетот фаворит број 1 на Светското првенство.


Португалија на последните 19 натпревари не знае за пораз, а на трите меча на СП не прими ниту еден гол.

– Се мачевме во досегашниот дел од првенството и мислам дека тоа ќе ни помогне во иднина. Торес не даде гол, но помогна бидејќи го привлекува вниманието на противничката одбрана. Ако му се остави простор, тој е опасен – смета селекторот Висенте Дел Боске.

Португалскиот селектор Карлуш Кеирош едноставно објасни пред каква задача се неговите избраници. Победникот добива се’, а поразениот ништо. Мотивирани сме и подготвени да дадеме се’ на теренот – рече Кеирош.

Победникот во четвртфиналето ги чека подобриот од пресметката Парагвај – Јапонија.

Ohridnews