Октоподот Пол ќе добие шпански пасош, доколку Шпанија вечерва ја победи Холандија и го освои Мундијалот.


Шпанскиот премиер Запатеро загрижен по најавите оти германците ја сакаат главата на Пол, по нивниот пораз во полуфиналето, „упатил писмо на германската канцеларка Ангела Меркел во кое прашува дали е потребно лично обезбедување пред аквариумот на Пол“.

Чуварите на аквариумот тврдат дека на Пол не му се заканува опасност и дека ќе ја продолжи својата кариера на пророк.

Најновите прогнози на Пол се дека Шпанија ќе биде нов светски првак.

Ohridnews