Октоподот Паул, што се прослави по предвидувањата на исходите од мечевите што ги играше Германија на СП во Јужна Африка, но и исходот на финалето, оди во заслужена пензија.

„Заминува во пензија и ќе го работи она што најмногу го сака – ќе се игра со своите чувари и ќе ги забавува децата што го посетуваат“, изјави денеска Тања Мунцинг, портпаролот на аквариумот во Оберхаузен.

Паул точно ги предвиде победниците на сите натпревари што ги играше Германија на шампионатот, како и исходот на синоќешното финале. Неговите прогнози станаа составен дел на најавите на сите медиуми кои известуваа за мечевите од СП во Јужна Африка.

“извор Макфакс“
Ohridnews