Најпопуларниот октопод на светот, “видовитиот“ Пол ја одбра Шпанија за нов првак, додека за “неговата“ Германија го одреди третото место.
Пол при изборот се поиграл со нервите на домаќините. Се спуштил над садот со уругвајско занаме, а по неколку минутно тактизирање ја одбрал за оброк школката од садот со германското знаме, што во превод значи триумф на Германците во дуелот за третото место. Двоумењето се толкува како победа со пресврт за “Панцирите“.
Пол за прв пат прогнозираше натпревар на кој не игра Германија. Тој за победник во финалето набрзина ја одбра Шпанија.
Октоподот на ова СП досега има 100 % ефект, погодувајќи ги победниците на сите мечеви на кои играше Германија, само еднаш досега промашил и тоа во финалето на ЕП 2008, кога најави триумф на Германија, а славеа Шпанците.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com