Англичанецот Хауард Вев ќе го води финалниот натпревар на Мундијалот, помеќу Холандија и Шпанија, кој  на 11 јули ќе се игра на “Сокер Сити“ стадионот во Јоханесбург. Асистенти на Веб ќе му бидат Дарен Кан и Мајкл Малерки.


Финалниот натпревар ќе биде четврти за англичанецот на овај планетарен собир, претходно тој ја делеше фудбалската правда на мечевите Шпанија – Швајцарија, Словачка – Италија и Бразил – Чиле.

Мексиканецот Бенито Арчунида ќе ја има честа да ја дели правдата на дуелот помеѓу Уругвај и Германија. За него ова е трет натпревар на овај мундијал, осми вкупно на светските првенства.

Ohridnews