Фудбалските судии Хорхе Ларионда и Роберто Росети повеќе нема да судат на Светското првенство, бидејќи ФИФА ги испрати дома по катастрофалните грешки на мечевите од осмина финалето.


Уругваецот ќе остане запаметен по тоа што не успеа да го види погодокот на Лампард на мечот меѓу Англија и Германија, додека Росети е казнет поради голот на Карлос Тевез од офсајд на мечот Аргентина – Мексико.


Интересно но главните судии го платија чехот за лошите проценки на своите помошници. И двете одлуки кои ги чинеа “отказ“ лежат на душа на вторите помошници Еспиноза и Ајролди.

Ohridnews