Селекцијата на Шпанија и го нанесе вториот пораз на македонската репрезентација на Мундијалот во Германија и Данска, откако славеше со 31-21 (13-12) во четвртата рунда од фазата по групи.

„Црвено жолтите“ за пласман во втората етапа ќе решаваат со Исланд во меѓусебната пресметка која се игра четврток (утре) со почеток во 18 часот.

Пулените на Раул Гонзалес одиграа речиси маестрално прво полувреме во кое имаа предност но на крајот го загубија минимално со 13-12. Играта и целата концепција на македонската репрезентација се распадна на стартот од вториот дел кога шпанците со серија 5-0 стигнаа до шест позитива 18-12.

Селекторот одлучи да менува и да ги зачува силите за мечот со Исланд, а ракометарите на Шпанија кои на овој Мундијал допатуваа како европски шампиони безмилосно ги казнуваа нашите грешки и забележаа убедлив триумф 32-21.

Во составот на Шпанија се истакна Гомез со шест голови, а одличен беше Перез де Варгас, додека во македонската селекција Пешески беше најпрецизен со шест голови.

OhridNews