Фудбалерот на Манчестер Сити, Јаја Туре се повреди на дуелот со Ливерпул во Премиер лигата и предвреме го напушти „Енфилд“.

Повредата на препоните може да се покаже сериозна и да го оддалечи од Мундијалот во Бразил еден од клучните фудбалери во составот на Брегот на Слоновата Коска.

Ако не ја залечи повредата на време неговото отсуство ќе биде голем удар за „граѓаните“ и за Светското првенство кое поради повреди ќе го пропуштат веќе неколку фудбалски ѕвезди.

Мх.П.