Најдобриот фудбалер на планетата Кристијано Роналдо мака мачи со повредата на коленото и бутниот мускул, но неговиот настап на Мундијалот не е загрозен.

Португалската федерација ја потврди повредата на Роналдо откако пропушти неколку тренинзи од репрезентацијата.

Поради повреди самостојни тренинзи имаа и Раул Меирелеш, Бето и фудбалерот на Реал Мадрид, Пепе.

„Селесао“ во групата на Светското првенство во Бразил се наоѓа со Германија, Америка и Гана.

Мх.П.