Ремито без голови помеѓу Уругвај и Франција на стартот на шампионатот, единствено ги задоволи тренерите на двата тима Рајмонд Доменек и Оскар Табарез. Обајцата се задоволни што успеале да не загубат и помалку разочарани што не стигнале до првата победа во натпреварите од А групата.


– Кога некој напаѓа толку многу и го притиска својот противник залужува да постигне еден погодок и да победи.Задоволен сум од играта на тимот, момците играа како што сакам. Ова е убав резултат, но уште поубав ќе беше доколку беше 1-0 – смета Доменек.

По исклучувањето на Лодиеро, Уругвај имаше причина повеќе да го слави ремито.


– Имајќи го во предвид тоа што нашиот противник беше финалист на последното светско првенство, може да бидеме задоволни со нерешениот исход, но мислам дека Франција не`заслужи да победи, одлично ја контролиравме играта и тие во ниту еден момент не не` загрозија – истакна селекторот Табарез.

СП : Борбените уругвајци ја сопреа Франција

СП : Пареира : “Се уште сме во игра“, Агире “Франција мора да падне“

Ohridnews