Не е прв пат како “портокаловите“ пристигнуваат како фаворити на едно големо натпреварување. Првиот вистински тест “Oranje”  ќе го имаат против нивниот сосед , тврдата селекција на Данска. И покрај тоа во ограмната разликата во рејтингот, двете репрезентации имаат две победи во петте меѓусебни пресметки.

Двата селектори нема да може да сметаат на своит најдобри 11, откако на Олсен му откажа Никлас Бендентер, а неизвесен е настапот на голманот Соренсен, потоа бранителите Кјаер и Мтилга. Крилниот напаѓач Арјен Робен пристигна во ЈАР, но нема да биде на располгање на Ван Марвијк за првиот меч од Е групата.

Лалињата во пресрет на вовоедниот натпревар од групата се во импознатна серија од 19 натпревари без пораз.

– Ние гаиме една специфична ароганција која е наша јака страна. Не смееме да дозволиме тоа да не  понесе бидејќи може да биде голем хендикеп. Таквата ароганција  едноставно те тера да го понижиш противникот, кој пак сигурно ќе сака да ви врати во иста мера. – смета Берт Ван Марвијк

– Не ја сметам Холандија за еден од фаворитите на овај турнир. Тие секогаш зтргнуваат силно, а кога е најпотребно ја губат силата. Ќе им недостига влијателниот Арјен Робен, а нивната одбрана не е ништо посебно – истакна крилниот напаѓач Денис Ромендал .

На останатиот натпревар во оваа група играат Јапонија и Камерун.

СП Група Е : Тотален фудбал на менито во ЈАР