Еден од најдобрите фудбалери на планетата Кристијано Роналдо со неговата селекција Португалија преку бараж средбите ќе ја обезбедуваат „визата“ за мундијалот во Бразил.
„Селесао“ е носител, а во вториот шешир се наоѓаат Франција, Украина, Романија и Исланд, Роналдо за противник не ја посакува само Франција, која е со најдобар ранкиг од селекциите во вториот барабан.
– Франција е најквалитетна селекција во неносителите и не сакам да играме против неа во баражот. Но, се зависи од нас бидејќи ние сме тие кои треба да играме фудбалер, а не да чекаме да згрешат другите – потенцираше Роналдо.
Ждрепката за бараж двојките е закажана за в понеделник, а натпреварите се играат на средината од месец ноевмри.
Мх.П.