Шоуто во првиот бараж натпревар меѓу Португалија предводена од Роналдо и Шведска на чело со Ибрахимовиќ му припадна на Португалецот откако го постигна единствениот погодок во победата 1-0.

На останатите мечеви Исланд и Хрватска ремизираа без голови 0-0, Грција славаше со 3-1 додека Украина го приреди најголемото изненадување совладувајќи ја Франција со „чисти“ 2-0.


Реванш натпревари од баражот за Светското првенство се играат вторник на 19 ноевмри.

Мх.П.