Португалскиот репрезентативец, Кристијано Роналдо ги повика судиите на Светското првенство повеќе да ги отворат очите при грубите стартови на противничките фудбалери. Најскапиот фудбалер на светот во  неколку наврати беше на мета на противничките фудбалери, а при една еден старт на Демел наместо прекршок португалецот заработи жолт картон поради расправија.


– Судиите би требало да ги штитат играчите вешти со топка кога противниците ги фаулираат. Еден од нивните играчи ме фаулираше во првото полувреме, а јас добив жолт картон поради тоа. Некогаш работата ми е отежната затоа што судиите не свират прекршок, бидејќи мислат дека фолирам –  вели  Роналдо.

Играчите на Брегот на Слоновата Коска правеа страшни прекршоци,а  Роналдо беше жртва на погрешни судски одлуки, смета селекторот Квеирош.

Португалија во второто коло во групата на смртта ќе игра против Кореа.

СП
: Брегот и Португалија “без муниција“ на Порт Елизабет

Видео
СП : “Самба“ се игра и во Африка

Ohridnews