– Жалам за Клосе, кој не успеа да го сруши мојот рекорд – напишал Луис Назарарио Да Лима , Роналдо на својот твитер профил. Роналдо (34) му честиташе на германскиот репрезентативец за одличното постигнување, 14 гола на светските првенства.


На врвот на светот – Клосе и Роналдо

– Да се постигнат 14 гола на Мундијалоте е фантастично постигнување, штета што не можеше да игра во мечот за третото место – вели Роналдо кој со 15 гола е најдобриот стрелец на светските првенства и додава. Луѓето може да мислат што сакат, но мене навистина ми е жал што Клосе на ме престигна, јас својата приказна на светските првенства ја раскажав, време е сега на другите да го направат тоа.

Роналдо во својата кариерара беше дел од четири светски првенества во кои освои 2 титули. Во 1994 година на 17 години беше дел од тимот кој ја освои титулата но не одигра ниту една минута. Во Франција 1998 постигна четири, во 2002 година во Јапонија и Кореа постигна 8 додека во Германија 2006 година постигна три гола.

OhridNews