Домаќинот на 21. Мундијал, Русија падна на првиот посериозен тест, откако изгуби од Уругвај (3-0) во дербито за првата позиција во А групата.

Уругвајците еуфоријата на Самара арената ја стишија после десет минути поведувајќи со голот на Луис Суарез. За целосна тишина се погрижи Денис Черишев кој си постигна погодок во сопствената мрежа во 23-та минута. Печат на победата за Уругвај вредна прво место во А групата стави Едисон Кавани во 90-минута.

Во рамките од третата рунда во А групата се одигра и мечот помеѓу Саудиска Арабија и Египет кој им припадна на азијците кои славеа со пресврт 2-1.

Пласман од А групата понатаму обезбедија Уругвај како првопласирана селекција и Русија која финишираше на второто место.

OhridNews