Поразот од Исланд во одлучувачкиот натпревар во последната петта рунда од групата Б значеше крај на надежите за пласман во главната фаза но не и за мечевите на Мундијалот во Германија и Данска.

Репрезентативците на Македонија ќе продолжат со своите натпревари во Президент купот и ќе разигруваат за местата од 13-то до 16-то. Ривал на Македонија ќе и биде Русија, а мечот ќе се одигра утре (сабота) со почеток во 13 часот. Втората двојка на Президент купот ја сочинуваат селекциите Чиле и Катар.

Победниците од двете двојки ќе разигруваат за 13-то место, а поразените за 15-та позиција на Мундијалот. Тие мечеви се играат в недела во истите термини 13 часот и 15:30 часот.

Президент куп:

Русија – Македонија (13ч)

Чиле – Катар (15:30ч)

OhridNews