Селекцијата на Русија ја забележа втората победа во групата совладувајќи ја репрезентацијата на Катар 29-22 (16-13).

Со двата бода од мечот против Катар, “зборнјата“ стигна до четвтиот во групата и обезбеди пласман во 1/8 финалето.

Со шест погодоци најпрецизен во рускиот состав беше Тимур Дибиров додека најзаслужен за втората беше голманскиот тандем Владимир Богданов и Олег Грамс кои искомбинираа 24 интервенции.

Во наредната четврта рунда селекцијата на Русија ќе се сретне со ракометната репрезентација на Македонија.

Мх.П.