Англиската фудбалска репрезентација е третиот патник во полуфиналето на Мундијалот во Русија. Англичаните во четвртфиналниот натпревар на „Самара“ арената ја совладаа Шведска со 2-0.

„Гордиот албион“ помеѓу најдобрите четири селекции на Светско првенство ќе бидат после пауза од речиси три децении. Последен пат англичаните во 1/2 финалето учествуваа 1990 година на Мундијалот во Италија.

Избраниците на Герет Саутгејт теренска иницијатива со погодок ја крунисаа после половина час игра. Највисок во скокот после корнерот на Јанг беше дефанзивецот Магуире кој ја смести топката во мрежата. После 15-ет минути игра во второто полувреме англичаните ја дуплираа предноста со погодокот на Деле Али. Швеѓаните после вториот погодок се разбудија и нападнаа, но голманот на англискиот голман Пикфорд ја зачува својата мрежа.

Во полуфиналето Англија ќе се сретне со победникот од последниот четвртфинален дуел помеѓу Русија и Хрватска кој ќе започне во 20 часот.

OhridNews