Актуелниот светски првак Италија со класичната 4-4-2 формација ќе се обиде да стигне до првата победа на турнирот со која ќе си ја подотвори вратата кон осминафиналето. Аутсајдерот Нов Зеланд, веќе направи едно изненадување со ремито против Словачка во судиското надополнување, па прашање е дали се кадарни да направат уште едно.


Липи за мечот со „белите“ неможе да смета на Буфон кој е повреден, а Каморанези и Ди Натале ќе ги завземат местата на Јакинта и Маркизо, Маркети кој го бранеше голот на “аѕурите“ во второто полувреме, од првата минута ќе биде меѓу стативите на стадионот Нелспруит.

– Тие се доста псифичка стабилна екипа, опасни се во играта со глава и од прекини. Но сите знаеме дека ние мора да победиме. Мора добро да ја движиме топката по земја и што помалку да се игра со долги топки. Не сакам  воошто да размислувам на реми или пак на пораз – вели дефанзивецот Џорџо Киелини.


 

– Уште е далеку осмина-финалето, треба да мислиме на Италија. Треба да веруваме со себе, да се бориме и да видиме што ќе се случи – изјави селекторот Рики Херберт.

Неделната програма почнува во Блумфонтејн со дуелот меѓу Словачка и Парагвај, чиј меѓусебен дуел може да го даде одговорот кој ќе оди понатаму.

СП : Италија го загуби Буфон

Видео СП : Италија тргна очекувано, со реми

СП : Нов Зеланд се извлече во продолжението