Високата победа на Португалија над Северна Кореја од 7-0, смешниот погодок на Кристијано Роналдо. Хет-трикот на аргентинскиот репрезентативец Гонзало Игуаин на натпреварот со Јужна Кореја. Диего Форлан со двата погодоци во дуелот со Јужна Африка ги замолкна вувузелите. По минималниот пораз од Швајцарија, на “црвената фурија“ и беше неопходна победа во натпреварот со Хондурас, тогаш на сцена стапи Давид Виља, кој со два погодоци ја донесе првата победа на Шпанија, Давид Виља пропушти шанса да постигне хет-трик промашувајќи најстрога казна. Самбата на “кариоките“ се заигра во повисок ритам под палката на Луис Фабијано, на своја кожа го осети репрезентацијата на Брегот од Слоновата Коска.
Голманите на Србија и Нов Зеланд беа на висина на задачата во второто коло од мундијалот. Чуварот на мрежата на “белите“, Марк Пастон во натпреварот со Италија беше нерешлива енигма за фудбалерите на “азурите“. Пастон беше немоќен во 30-та минута кога Јакинта стрелаше прецизно од белата точка.
Владимир Стојковиќ беше херој на “белите орли“ во натпреварот со Германија. Србија имаше водство од 1-0, Немања Видиќ играше со рака во казнетиот простор, Лукас Подолски ја преземе одговорноста да ја изведе најстрогата казна, Стојковиќ тргнува на права страна и го брани пеналот. Расположениот Стојковиќ низ целиот натпревар во сенка ги “фрли“ напаѓачите на “панцирите“.
Видео СП : Топ три погодоци и грешки









