Селекцијата на Шпанија е нов светски ракометен првак. “Црвената фурија“ на домашен терен го преслушаа Европскиот првак, Данска со 35-19 (18-10) и го освоија второто злато на мундијалите.


Репрезентативците на Шпанија предводени од фантастичната публика во Барселона од почетокот на мечот ја срушија дисциплираноста на Европскиот првак. Данците немаа одговор за непробојната одбрана на Шпанија, а “домаќините“ од контри напади ја бушеа мрежата на Лендин и Грин.

Во неколку наврати во првиот дел Данска се обиде да фати резултатски приклучок, но сетоа тоа завршуваше безуспешно и на одмор замина со минус осум (18-10).


Фуриозната игра шпанскиот состав ја продолжи во вторите триесет минути. На голот од Шпанија се разбуди Штербик, што значеше нов проблем за данските ракометари. “Црвените“ немилосрдно ја полнеаја мрежата на Данска и го остварија најубедлиот триумф во едно финале на мундијалите  со плус 16 голови (35-19).


Најпрецизен во “златниот“ состав со седум погодоци беше Кањелас, шест постигна Ривера ,а натурализираниот шпанец Штербик на голот собра 16 успешни интервенции. Со четири голови во индиспонираниот дански состав беше Сонденгард.

Во натпреварот за третото место, кој на програмата беше во саботата триумфираше селекцијата на Хрватска.

Мх.П.