Селекцијата Данска во големото финале од ракометниот мундијал има одлична можност да ги обедени титулите Европски и Светски првак.Но, за противник во финалето го има домаќинот на СП, репрезентацијата на Шпанија која од почетокот на мундијалот беше фаворит за златниот медал.

Избраниците на данскиот селектор, Вилбек покажаа огромна стабилност во играта особено во 1/2 финалето преслушувајќи ја Хрватска. “Црвената фурија“ има претрпе еден пораз и тоа во групната фаза од “бронзената“ Хрватска.

Репрезентацијата на Шпанија ќе нема подобар начин да ја прослави втората шампионската титула од Светските првенства пред своите гледачи. На данските ракометари не им преставува тоа проблем бидејќи Европската титула во Србија ја освоија победувајќи го домаќинот.

Многу од овие прашања ракометарите ќе ги одговорат во 17:15 часот, за кога е закажано големото финале од ракометниот спектакл.

Мх.П.