Новиот светски првак Шпанија и вицепрвакот Данска со по двајца ракометари доминираат во идеалниот тим на 23-от мундијал. Останатите ракометари доаѓаат од Хрватска, Русија и Унгарија.

На голот е данскиот чувар на мрежата Никлас Ландин, на бековски позици се Алберто Ентрериос, Ласло Наѓ и Домогај Дувњак. Русинот Тимур Дибиров и Ханс Линдберг го сочинуваат тандемот на крилата додека пивотменската линија ја зазеде Јулен Агинагалде од селекцијата Шпанија.

Во идеалниот тим на мундијалот нема место за најкорисниот ракометар на планетарниот турнир Микел Хансен.

Тимот на СП :

Голман : Никлас Ландин (Данска)

Бекови : Домагој Дувњак (Хрватска), Албетро Ентрериос (Шпанија), Ласло Наѓ (Унгарија)

Крила : Тимур Дибиров (Русија), Ханс Линдберг (Данска)

Пикер : Јулен Агинагалде (Шпанија)

Мх.П.