Хрватска го одбра потешкиот пат за пласман на Светското првенство во Бразил откако заврши на втората позиција во групата. „Коцкастите“ преку бараж мечевите ќе ја „вадат визата“ за мундијалот следната година.


Тоа воопшто не му се допадна на јавноста во Хрватска, а посебно не на првиот човек на хрватска фудбалската федерација Давор Шукер, кој го разреши Игор Штимац од селектороската функција.

– Срушен е имиџот на хрватска репрезентација. Мене лично Штимац не ми поднесе оставка, но знам што треба да направам. Штимац не е повеќе селектор на Хрватска – рече Шукер.

Како негови наследници се набројуваат Матјаж Кек тренер на Риека, Роберт Просинечки, Нико Ковач и Ненад Бјелица.

Мх.П.