– Проблемот ни е во главата, тој менталитет кој го поседуваме не ни дава да се опуштиме никогаш – посочи селекторот Ѕвонко Шундовски после мечот со Чиле, кој македонската репрезентација го доби со 30-28 и додаде – Долго време се спремавме за овој натпревар и на крајот не испадна ништо според договореното. Грешките во нападот се редеа, а одбраната беше лесно пробојна.



Македонските репрезентативци немаа премногу време за одмор, единствено им останува со ладни глави да размислат за грешките и да ги поправат на мечот со Катар.

– Имаме сеуште време да ја промениме сликата, која оставивме на натпреварот со Чиле. Во наредните мечеви треба да покажиме дека имаме квалитет и дека не било случајно петтото место на Европското првенство во Србија – заврши селекторот Шундовски.

Мх.П.