Растеретени, без психолошки притсок дебитантот на Мундијалот кој го исфрли светскиот првак од игра, Словачка ја пречекува Холандија во осминафиналната пресметка. За избраниците на Вајс дуелот со Холандија е награда за макотрпната работа, без разлика на резултатот тие се херојите на ова СП.
Холандија по првите три кола им три победи, не блескаа но игра онолку колку што беше потребно да се освојат бодовите. Холанѓаните остануваат апсолутни фаворити, но сега се многу попретпазливи.
– Ние секогаш сме критички настроени кон нашата игра и велиме дека можеме подобро. Сакаме да одиме чекор по чекор. Прво да ја минеме Словачка, па потоа ќе размислуваме за следниот противник. Добро е што имаме капацитет да победуваме и кога не ни оди како што замислуваме – вели Дирк Кајт.
Холандија и Словачка досега не играле меѓу себе, победникот од овај дуел ќе игра со подобриот од мечот Бразил – Чиле.









