Најдобриот играч на Словенија, на Светското првенство во ракомет, Драган Гајиќ, поради повреда нема да настапува до крајот на шампионатот.


Крилниот играч на Монпеље, кој на претходните пет натпревари за Словенија постигна 34 погодоци, на осминафиналниот натпревар со Египет, ја обновил повредата на десниот бутен мускул.

Лекарскиот тим на Словенија констатирал пукнатина на мускулот од четири сантиметри. Неиграњето на Гајиќ ќе се обидат да го надополнат Гашпер Маргуч и Вид Кавтичник. Селекторот Борис Денич неговото место ќе го пополни с ракометар кој настапува на друга позиција – пивотменот Петр Пуцељ.

Словенија е едно од најпријатните изненадувања на Светското првенство, со победата над Египет од 31:26 изборија четвртфинален меч со Русија, кој ќе се одигра в среда, со почеток во 18:15 часот.

“Макфакс“