Репрезентацијата на Македонија го претрпе првиот пораз на Мундијалот во Франција, откако изгуби од Словенија 29-22 (16-10) во третата рунда од Б групата.


Македонија го одигра најслабиот меч на Светското првенство, наспроти Словенија која брилираше и заслужено ги освои бодовите.

„Змајчеките“ на крилата од голманот Скок подобро го отворија мечот и во првите десеттина минути стигнаа до опипливо водство (6-3).

„Црвено жолтите“ не се консолидираа во нападот, а во одбраната дозволуваа лесни голови и Словенија се одлепи на највисоки (11-6).


До финишот на првиот дел избраниците на Веселин Вујовиќ ја зголемија предноста за уште гол и на одмор заминаа со плус шест (16-10).

Сликата на теренот во второто полувреме не се промени на подобро за Македонија. „Црвено жолтите“ мака мачеа да го совладаат Скок кој беше инзвондреден на голот, додека словенците во нападот со лесни и изградени акции ја погодуваа мрежата.


Словенија на крајот на мечот славеше со седум голови (29-22) и најави атак на првата позиција во Б групата, каде ќе се бори со Шпанија.

OhridNews