Снегот полека ја покри поливина Јужна Африка и може да створи проблеми на организаторите на Светското фудбалско првенство. Снегот веќе направи проблеми во сообраќајот и веќе се пријавени и првите лица кои се повредени.Сега снегот не е опасност, туку ниските температури загрижуваат.

Ваквите температури и услови може да го одложат мечот од втората рунда помежу Англија и Алжир.

Во последните 24 часа загинаа 500 африкански пингвини од ладното време во Источен Кејп  во Јужноафриканската Република, соопштија од Националниот парк.

– Голем дел од женките се стари од неколку недели до два месеца, ги имаат само долните перја, починаа од студ на Птичјиот остров- изјави Меган Таплин портпарол на Националниот парк.

Во соопштението наведуваат дека популацијата на пингвините исчезнува бидејќи во областа се наоѓаат само 700 парови од овој вид.

Ohridnews