Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес нема да менува ништо во составот и ракометарите кои остварија победата против Јапонија на стартот од Мундијалот ќе истрчаат на паркетот на мегдан со Бахреин денеска со почеток во 14 часот.

Првата пресметка помеѓу Македонија и Бахреин на големите собири од трибините ќе ја проследат пивотменот Милан Лазаревски и голманот Златко Даскалоск. Ова дуо ќе почека за прв настап на СП.

„Црвено жолтите“ во најавите на мечот потенцираа претпазливост и концетрираност, а победа над Бахреин ќе биде исполнување на зацртаната цел пред стартот од Мундијалот.

OhridNews