Селекцијата на Србија немаше среќа при ждребката за кошаркарскиот мундијал во Шпанија и се најде во „групата на смрта“.
Покрај домаќинот на Светското првенство во групата со „орлите“ се наоѓаат актуелните европски владетели Франција, Бразил, Египет и Иран.
Почетокот на мундијалот е закажан за 30 август, ќе трае до 14 септември, а ќе се игра во шест градови.
Групите :
Група А: Шпанија, Србија, Франција, Бразил, Египет, Иран
Група Б: Филипини, Сенегал, Порторико, Аргентина, Грција, Хрватска
Група Ц: САД, Доминиканска Република, Турција, Финска, Нов Зеланд, Украина
Група Д: Словенија, Литванија, Ангола, Кореја, Мексико, Австралија.
Мх.П.