Селекцијата на Србија нема по добро да ги памети квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година. „Орлите“ не само што не успеаја да се изборат за место на СП туку целосно потфрлија во квалификациите.

– Од тој пораз во Скопје се тргна наопаку затоа сега сакаме да им се реваншираме. Ќе играме како да ни зависи пласманот на мундијалот и слабите резултати ќе ги оставиме на страна – рече Настасиќ.
Тогаш македонската селекција настапи без Горан Пандев, а стрелец на победничкиот погодок беше Агим Ибраими од пенал.
Мх.П.










