Селекцијата домаќин на Мундијалот, Русија обезбеди пласман помеѓу ТОП 8, откако во осминафиналето ја елиминираше Шпанија после изведувањето на пеналите 4-3 (1-1).

 

Регуларниот дел од мечот заврши без победник 1-1, а победник и патник во четвртфиналет не дадоја ниту продолженијата по 15 минути.

Во пенал рулетот Русија реализираше четири пенали преку Смолов, Игнашевиќ, Головин и Черишев, додека за шпанците погодија Иниеста, Пике и Серхио Рамос, а промашија Коке и Иаго Аспас.

Противник на русите во 1/4 финалет ќе им биде победникот од дуелот помеѓу Хрватска – Данска.

OhridNews