Повремениот селектор на македонската репрезентација Зоран Стратев ги отвори картите за мечот со Велс, кој е претпоследен во квалификациите за Светското првенство во Бразил.

Свое деби во селекцијата ќе имаат Езѓијан Алијоски и екс фудбалерот на Вардар, Предраг Ранѓеловиќ. Друштво на Ранѓеловиќ во средината ќе му прават Степановиќ, Ибраими, М. Иваноски и повратникот во селекцијата Демири. Четворката пред голот покрај Алијоски ја сочинуваат Ристовски, Новески и Шиков додека на голот е Пачовски.
Мх.П.










