Информацијата дека Луис Суарез е повреден и ќе подлегне на оперативен зафат како бомба одекна во светските медиуми, а предизвика шок и неверување во Уругвај.

– Им благодарам на сите за поддршката која ми ја пруживте. Операцијата помина во најдобар ред и ви гарантирам дека ќе бидам 100% подготвен за Светското првенство Бразил – рече Суарез.
Напаѓачот на Ливерпул сезонава постигна 31 погодок и со Роналдо од Реал Мадрид заедно ја подигнат златната топка за најдобар стрелец.
Мх.П.











