Селекциите на Уругвај и Португалија забележаа значајни победи во втората рунда од групната фаза совладувајќи ги своите ривали Саудиска Арабија односно Мароко со идентичен резултат 1-0.

За победа на Уругвај стрелаше Луис Суарез во 23-та минута, додека за „селесао“ погоди Кристијано Роналдо. За Суарез погодок беше прв на Мундијалот, а Роналдо стигна до четвртиот и се одлепи на врвот од листата на стрелци.

Уругвај со триумфот ја отпиша селекцијата на Саудиска Арабија и во директен дуел со Русија ќе одлучуваат за првата позиција во А групата. Португалија со првата победа се доближи до нокаут фазата.

OhridNews