Во последниот тест пред заминувањето за ЈАР, светскиот првак Италија ремизираше 1-1 со селекцијата на Швајцарија, предводена од Отмар Хицфилд. Сликата која ја оставија аѕурите по мечот со Швајцарија е далеку подобра од онаа со Мексико, но во таборот на светскиот првак беа  задоволни од резултатот кој им предскажува убава традција.


Швајцарија беше последен тест за аѕурите и пред стартот на Мундијалите 1982 година во Шпанија и 2006 година во Германија, и тогаш натпреварите завршија без победник 1-1, а потоа Италија го освојуваше златото.

Ohridnews