Љубителите на фудбалот, денес слават. Во 20.30 минути на теренот во Јоханесбург ќе истрча петкратниот светски фудбалски првак репрезентацијата на Бразил. “Кариоките“ фаворитите за освојување на трофејот ќе играат против најголемата енигма на собирот репрезентацијата на Северна Кореја.

Ќе биде тоа судир меѓу Давид и Голијат, меѓу најдобро рангиранта репрезентација и најслабо рангираната репрезентација од 32 – те кои играат на овај Куп. Избраниците на Дунга  се највозрасната репрезентација (29 години и 60 дена), додека избраниците на Ким се трети по младост (25 години и 140 дена) 

– Одговорноста е секогаш огромна на плеките на фудбалерите на Бразил. Важно е да се започне турнирот со победа, но уште поважно е тимот да одигра на високо ниво и да не дозволи изненадување – вели играчот за врска Жилберто Силва.

– Не може да се рече дека имаме големи шанси , но ниту пак да се рече дека немаме шанси. Нема да е лесно да се игра против играчи како Кака, но тоа пак е нашиот сон – истакна Ан Јонг Хак.

Денес на програмата:
13.30 Нов Зеланд – Словачка
16.00 Брегот на Слонова Коска – Португалија
20.30 Бразил – Кореа

Ohridnews