Селекциите на Германија и Франција со победи ги започнаа мечевите од главната фаза во една од двете групи. „Панцирите“ носени од публиката го совладаа Исланд со 24-19, додека „триколорите“ беа подобри од Шпанија 33-30.

Германците во целост ја оправдаа фаворитската улога иако исланѓаните во ниту еден не се предадоа. Волф на голот беше маестрален, одбрана исто така на високо ниво, а нападот беше само круна на добрата игра од домашните ракометари.

Французите во помалку неочекувано ефикасен натпревар ја победија Шпанија во дуелот на светскиот и европскиот шампион. Избраниците на Диние Динар со триумфот се доближија чекор поблиску до полуфиналето, а ја отпишаа „фуријата“ на која ќе и треба чудо да стигне до едно од двете места на врвот од табелата.

Во втората група Шведска со убедливи 35-23 славеше против Тунис, а Данска го задржа максималниот ефект победувајќи ја Унгарија 25-22.

Резултати: 

Група 1: Франција – Шпанија 33-30, Германија – Исланд 24-19

Табела: Германија 5, Франција 5, Хрватска 4, Шпанија 2, Бразил 0, Исланд 0

 

Груапа 2: Тунис – Шведска 23-35, Данска – Унгарија 25-22

Табела: Данска 6, Шведска 6, Норвешка 2, Египет 1, Унгарија 1, Тунис

OhridNews