Поранешните светски прваци  Уругвај на двапати и Германија трипати, вечерва ќе играат во малото финалео за утешното трето место и бронзениот медал.  Уругвајците се едно од најпријатните изненадувања на турнирот, а предводени од Диего Форлан првпат по 40 години играа во полуфиналето.


 – Сакам да играм на мечот за трето место и да станам прв стрелец на првенството. Би било одлично да победиме – вели Форлан на кого друштво во нападот ќе му прави Луис Суарес кој по казната се се враќа во тимот.

Германија двапати по ред беше поразена во полуфинале на СП, пред четири години од Италија која подоцна стана светски првак , додека оваа година од Шпанија.Напаѓачот Мирослав Клосе кој има постигнато 14 гола во кариерата на СП ја им а се чини последната шанса да го стигне или надмине Бразилецот Роналду кој со 15 гола е најдобриот стрелец во историјата на завршниците. Клосе поради повреда на грбот и неизвесен за вечерашното надигрување.

– И да не дадам гол, сакам да го победиме Уругвај – изјави Клосе.

Средбата се игра во Порт Елизабет (20.30 часот), на стадионот „Нелсон Мандела беј“.