Фудбалската репрезентација на Бразил, која против Хрватска во четврток ќе го отвори 20-то светско првенство во фудбал, цели 80 години не загубила во првиот натпревар на светските првенства.

 Последен пат Бразил, во својот прв меч на светско првенство, загубил од Шпанија (1-3) во далечната 1934 година. По тој натпревар Бразилците забележале 15 победи и два нерешени резултата.

Вкупно на досегашните 19 учества на Мундијалите, Бразил ги загубил воведните натпревари само на првите две светски првенства. На првото СП во 1930 година Бразил загубил од тогашната репрезентација на тогашното кралство Југославија (1-2), четири години подоцна бил поразен од Шпанија.

Единствените две репрезентации кои потоа не загубиле опд Бразил биле Југославија (1974), мечот завршил без голови и Шведска (1978) натпреварот завршил со резултат 1-1.

Инаку Бразил и Хрватска, кои ќе го отврат СП, веќе се имаат сретнато во првото коло во фазата по групи, на Мундијалот во 2006 година Бразил победил со голот на Кака со 1-0.

 

„Макфакс“