Француската фудбалска селекција е првиот финалист на Мундијалот во Русија. „Триколорите“ во полуфиналето во Санкт Петербург ја совладаа репрезентацијата на Белгија со минимални 1-0.

Моментот на одлука во полуфиналниот натпревар падна во 51-та минута, кога дефанзивецот Самуел Умтити со глава ја погоди мрежата на Тибо Куртоа. „Црвените ѓаволи“ ја притиснаа Франција, но не створија некоја посериозна прилика за изнедначувачки погодок кој ќе донесеше реми и евентуални продолженија.

„Триколорите“ во финалето ќе имаат нова шанса за трофеј од големи натпреварувања, откако пред две години на Европското првенство кое се одржа токму во Франција изгубија од Португалија со минимални 1-0.

Противник на французите во големото финале кое ќе се одигра в недела во Москва ќе им подобриот од вториот полуфинален натпревар помеѓи Хрватска – Англија.

OhridNews