Фудбалскиот репрезентативец на Франција, Никола Анелка е исклучен од нациналниот тим и нема да учествува повеќе на Светското првенство во Јужна Африка  соопшти денеска Француската фудбалска федерација.


Ањелка влегол во отворен конфликт со селекторот Рејмонд Доменек на полувремето на натпреварот меѓу Франција и Мексико
кога го навредил со многу непријатни и вулгарни
зборови, а подоцна одбил да му се извини. Претседателот на Фудбалската федерација , Пјер Ескалат побарал од Анелка да му се извини на селекторот, но тој одбил.

– Соочени со фактот дека Анелка одби јавно да се извини, претседателот на Федерацијата со согласност од селекторот и комплетниот стручен штаб одлучи да го исклучи Анелка од репрезентацијата, се наведува во соопштението на федерацијата.

Анелка уште вечерва ќе го напушти кампот на француската репрезентација.

Ohridnews