– Тоа беа најтешките два часа во мојата кариера. Исцеден сум и психички и емоцијално, и благодарам на ФИФА што ме поддржа и што ми ја даде честа да го водам финалето – вели Хауард Веб, судијата кој го водеше финалето на светскиот куп помеѓу Холандија и Шпанија.

Веб ќе влезе во историјата како судија кој покажал најмногу жолти картони во едно финале на светските првенства. Тој покажа вкупно 15 картони, 14 жолти и еден црвен.

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер истакна дека мора да се живее со грешките на фудбалерите но и на судиите.

– Тешко беше да се контролира мечот, играчите воопшто не му помогнаа на судијата. Добро е што тимот што играше фудбал го доби натпреварот – истакна Блатер.

М.П.