Репрезентациите учеснички ги одиграа последните тест средби во пресрет на Мундијалот кој за пет дена започнува во ЈАР. Голеадата во Белград и припадна на Србија која со 4-3 го совлада Камерун, Словачка ја победи Костарика со 3-0, додека Алжир – ОАЕ заврши 1-0. Сад ја совлада Австралија со 3-1, а светскиот првак Италија ремизираше со Швајцарија играјќи 1-1.