Репрезентацијата на Холандија со тениски 6-1 ја совлада Унгарија во генералката во пресрет на Мундијалот во Јар. Стрелци во победата беа два пати Робен, еднаш Ван Перси, Снајдер, Елиа и Ван Бомел.


Победата на “лалињата“ падна во сенка по повредата на Арјен Робен кој теренот го напушти во 86 минута. Дополнителните медицински прегледи треба да покажат колку е сериозна повредата на крилниот напаѓач.

Холандија е во Е групата заедно со Данска, Камерун и Јапонија.